Контакт
+389 2 3213 145
+389 71 370 445
ул. Страшо Пинџур 7 влез 1, кат 1, стан 5 1000 Скопје, Македонија
Вто - Пет 12.00 - 20.00
Саб 10.00 - 14.00
Безболна терапија каде со помош на дијамантски прстени се врши пилинг на кожата и со тоа се постигнува нејзино интензивно обновување.
Допринесува кожата да се обнови на следниот начин:
– Ги смалува старечките пеги (хиперпигментации) и малите брчки.
– Ги намалува проширените пори. Стимулира создавање на нов колаген.
– Го подобрува тонусот и текстурата на кожата.
– Ја стимулира лимфатично-венската циркулација, што доведува до подобро и побрзо чистење на кожата истовремено зголемувајќи ги еластичноста, цврстината и флексибилноста на епидермисот.
– Го зголемува нивото на сјајност на кожата поради фактот што мртвите клетки брзо се отстрануваат.
– Ги стимулира клетките кои се задолжени за производство на колаген и еластин.
Неинвазивен метод кој дава инстант резултати грижејќи се за вашето здравје и лице. Се третираат лице, врат и деколте при што преку ТЕРМИЧКИОТ ШОК се постигнува инстантно затегнување на кожата, се потикнува забрзана
оксигенација на ткивата и раст на колагенот и еластинот.
Револуционерна програма која нуди идеално решение за:
– Лифтинг на лице и редукција на брчки
– Тонирање на кожа и циркулација
– Тонирање на мускулатурата
– Лимфна дренажа и хидратациона масажа
Масажа која има смирувачки ефекти и овозможува длабока релаксација и уживање. Надополнета со активните компоненти на DR.GRANDEL ја зголемува микроциркулацијата, ги тонизира мускулите, стимулира производство на колаген, ја зацврстува и затегнува кожата. Покрај терапевтските ефекти оваа масажа има голем удел во борбата против стареењето на кожата.
Ја обновува, ја храни и ја тонира кожата, ги измазнува малите брчки. Антисептички ефекти – ја подобрува кожата која страда од акни. Третман после кој кожата станува визуелно помлада, еластична и блескава.
Природен лифтинг на лицето на најбезбеден и безболен начин без игли и ножеви, кој помага да се избришат брчките од лицето додека вашата кожа се зацврстува, а вашиот изглед се дефинира.